мај 12, 2026

Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате, прашува д-р Нико Беќаровски за групата монструми „затскриена во бели мантили“, по веста на крадењето и заменувањето на лекови за пациентите од Клиниката за онкологија.

Секојдневно неколку пациенти од Онкологија, доаѓаат на ехо преглед во нашиот ехотомографски кабинет.
Исплашени, многу често и исцрпени од болеста, со страв го следат секој мој поглед, како да сакаат да прочитаат дали нивниот наод е уреден.
Секој пациент од Онкологија ме растревожува уште пред да ја земам сондата во рака. Се плашат тие, но се плашам и јас од тоа што ќе го видам.
Секоја нивна зголемена жлезда, нова метастаза, секоја новооткриена течност во стомакот, ми го прави денот тажен, а толку често тоа се млади личности кои штотуку зачекориле во светот на возрасните.
А НЕКОЈА ОРГАНИЗИРАНА ГРУПА НА МОНСТРУМИ, ЗАТСКРИЕНА ВО БЕЛИ МАНТИЛИ, ИМ ГИ КРАДЕ МИЛИГРАМИТЕ КОИ ЖИВОТ ЗНАЧАТ.
Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате ???, прашува докторот од Токсикологија.

The post Д-р Беќаровски до Онкологија: Како само можевте да ги гледате во очи, знаејќи дека ги убивате? appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK