мај 12, 2026

Деветгодишниот Јован Кутаноски освои злато на 36. меѓународно првенство во акватлон „Австрија Триатлон Подерсдорф“. Се натпреваруваше во конкуренци од 34 натпреварувачи од Австрлија, Словачка, Словенија, Унгарија, Белгија и Германија. Првото место го освои во категорија помлади пионери.

„Честитки за Јован и се надеваме дека ќе продолжи да носи успеси уште долги години“, објавија од Триатлон федерацијата на Македонија.

За потсетување, Кутаноски, претходно освои прво место на Националното триатлон првенство во Дојран, и во Хрватската триатлон лига. Прво место во триатлон на меѓународно натпреварување освои и во Германија, во својата категорија.

Истиот успех го повтори на Отвореното Триатлон меѓународно и државно првенство „Триатлон 3 дисциплини Струга“ во категоријата деца 1.

Забележителни успеси постигна и на Ohrid Water Festival каде освои златни медали на 50 метри делфин, 50 метри грбно и 100 метри краул и сребрен медал на 50 метри краул. Со својата победа на „Акватлонот Охрид Трчат“ Јован стана и државен првак во акватлон, во категорија Деца 1.

The post Деветгодишниот Јован Кутаноски освои злато на државното меѓународно првенство во акватлон во Австрија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK