СОСТОЈКИ:
5 јајца
1 чаша шеќер (200 мл)
1 ванилин шеќер
1 чаша масло
1 чаша млеко
2 чаши глатко брашно
5 лажици какао
1 прашок за пециво
СОСТОЈКИ ЗА ПРЕЛИВ:
3 чаши млеко
половина чаша масло
1 чаша шеќер
1 ванилин шеќер
5 лажици какао
100 гр чоколадо за готвење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете ги ванилиниот шеќер, маслото, мекото, брашното, прашокот за пециво и какаото. Соединете сè и ставете го во плех за печење на 190 степени Целзиусови.
Додека се пече бисквитот, подгответе го преливот. Ставете го млекото да зоврие и додадете го шеќерот, ванилиниот шеќер, чоколадото и какаото, а потоа маслото. Изладете го преливот и потоа прелијте го врз врелиот колач.
The post Турски кох полн со чоколадо appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
