мај 12, 2026

Сигурно некогаш сте налетале на месо чие пакување било надуено и сте се двоумеле дали да го фрлите или да го користите.

5.септември.2023Деветгодишниот Јован Кутаноски освои злато на државното меѓународно првенство во акватлон во Австрија

Деветгодишниот Јован Кутаноски освои злато на 36. меѓународно првенство во акватлон „Австрија …
5.септември.2023“МОРАВ ДА ОБОРТИРАМ, НОСЕВ ЃАВОЛ ВО СТОМАКОТ“: Исповед на девојка која била силувана од страна на газдата на “Плејбој“

Поранешна плејбој-зајачица открила длабоко емотивни и трауматични детали од својата врска со …

Храната како месото се расипува поради растот на бактерии и мувла кога е изложена на воздух. Понекогаш производителите користат таканаречено пакување со модифицирана атмосфера, или MAP, за да го намалат расипувањето и да ја промовираат свежината со менување на гасот во пакувањето. Исто така, MAP понекогаш предизвикува надувување на пакувањето. Сепак, дали е безбедно да се јаде месо кое е толку надуено?
„Ако тоа не го направи производителот за време на пакувањето како дел од MAP, тогаш отекувањето е резултат на микробиолошки дејства. Ова го гледаме со нормална амбалажа со послужавник од стиропор што ја користат продавниците за храна или во вакуумски спакувани производи“, вели Мартин Бакнаваж, експерт за безбедност на храва во Одделот за наука за храна при Универзитетот „Пен Стејт“.

Кислородот е најчестиот виновник за расипување на пакувањето на храната. Околината богата со кислород може да предизвика расипување на храната и губење на хранливите материи. Кога микроорганизмите растат, тие испуштаат гас како јаглерод диоксид што може да предизвика надувување на пакувањето.
Во овој случај, пакувањето не треба да се отвора бидејќи мирисот ќе биде многу непријатен. Под претпоставка дека пакувањето не е надуено поради расипување, можеби е безбедно за јадење, иако можеби нема да мириса добро. Погледнете ги другите пакувања, а ако и тие се надуени, тогаш веројатно е намерно. Побарајте други знаци на расипување како што се чудна боја, лош мирис или лигава текстура. Ако нешто од ова е придружено со надуеност, фрлете го месото.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK