мај 12, 2026

Две лица се уапсени на денешниот протест што се одржа поради скандалот со кражбата на лекови на онкологија.
За случајот првично информираше лидерот на Левица, Димитар Апасиев на социјалните мрежи.

„Двајца активисти на Црвена Младина уапсени од специјалци и однесени во Полициската станица БЕКО. Протестот продолжува таму! Се гледаме!“, објави Апасиев кој попладнево присуствуваше на протестот.
Од МВР потврдија дека биле приведени две лица, а потоа пуштени дома.

„Денеска 04.09.2023 г. во 20.10 часот поради сторен прекршок приведени се лицата П.З. и Ј.Ј.. Сочинети им се Мандатни платни налози и ослободени се во 21.00 часот“, велат од МВР.
Саше Јанчев од Левица тврди дека лицата биле приведени оти фрлале јајца за време на протестот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK