мај 12, 2026

Авион на американската компанија „Делта“ кој летал  Атланта-Барселона се вратил назад откако еден патник имал експлозивен пролив. Авионот бил два часа во воздух кога пилотот побарал да се вратат назат во Атланта. Во аудиопорака објавена на Твитер, пилотот кажал дека еден патник имал дијареа низ целиот авион, но дека авионот бил исчистен, па следниот ден одлетал за Барселона.

„Делта“ потврди дека имало медицински проблем во авионот поради што бил вратен во Атланта заради чистење.

„Нашите тимови работеа најбрзо што можеа за да го исчистат авионот за да ги превеземе нашите патници до крајната дестинација. Им се извинуваме на нашите муштерии за доцнењето“, објавија од  „Делта“.


The post Авион кој летал за Барселона се вратил во САД заради силен пролив на еден патник appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK