мај 12, 2026

Русија денеска соопшти дека Украина користи австралиски дронови за да напаѓа цели на руска територија и оти Австралија се повеќе се вовлекува во конфликтот.

Украина ја напаѓа Русија со австралиски дронови

– Излезе дека австралиски беспилотни летала всушност се користат за напади врз цели во Русија, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа ова го кажа во одговор на новинарско прашање за информациите објавени минатата недела во „Сиднеј Морнинг Хералд“, според кои аеродромот во рускиот град Курск бил нападнат со австралиски дронови.

Захарова ја обвини австралиската Влада дека „со ентузијазам придонесува за антируската кампања диригирана од Вашингтон“, обидувајќи се на тој начин да ги скрие од јавното мислење „незавидните околности што укажуваат дека Австралија се повеќе е вовлечена во конфликтот во Украина“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK