ноември 22, 2024

Пакистанските воени командоси денеска убија 26 талибански борци во операција за ослободување на полицајци кои беа заложници три дена во центар за борба за тероризам во градот Бану.

Извор од разузнавањето рече дека сите напаѓачи кои го зазеле центарот во неделата се убиени. Според него, ослободени се најмалку осум заложници, а некои од нив се повредени. Во операцијата се повредени пет војници и тројца командоси.

– Најмалку четири силни експлозии се слушнале кога командосите упаднале во центарот, по што следела жестока престрелка, изјави полициски претставник кој сакаше да остане анонимен.

Според разузнавачкиот извор, операцијата започнала откако пропаднале разговорите со пакистанските талибанци за решавање на заложничката ситуација.

Безбедносните сили соопштија дека сите заложници се спасени. Според претставник на локалните власти, напаѓачите кои го зазеле центарот сакале безбедно да преминат во соседен Авганистан. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK