ноември 22, 2024

– Високиот претставник на ЕУ за заедничка надворешна и безбедносна политика, Жосеп Борел, изјави денеска дека ЕУ и Иран ќе продолжат да работат на обновување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година и оти Иран мора да престане да ги поддржува руските воени активности.

„Беше нагласена потребата веднаш да се прекине воената поддршка на Русија и внатрешната репресија во Иран. Се согласуваме дека комуникацијата мора да биде отворена и се надеваме дека ќе го обновиме нуклеарниот договор врз основа на преговорите во Виена“, рече Борел пред втората Багдадска конференција за соработка и партенрство на Мртвото Море што се одржува во Јордан.

Тој ја посочи неопходноста од средба во Јордан њсо иранскиот министер за надворешни работи, Хосеин Амир-Абдолахиан, поради влошувањето на односите меѓу Иран и ЕУ. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK