октомври 30, 2024

Најдолговечниот британски монарх Елизабета Втора почина пред точно една година во Балморал, а веста за нејзината смрт тогаш беше објавена од Бакингемската палата. Оттаму објавија дека починала мирно.

Имаше необичен и богат живот, а најголемата нерешена мистерија за време на нејзиното владеење беше обидот за атентат во близина на Сиднеј пред повеќе од 50 години. Со тогша принцот Филип патуваа од Сиднеј до Оринџ како дел од нивната австралиска турнеја во 1970 година.

Тогаш станаа жртви на таканаречениот заговор Литгоу. Кралската двојка патувала со воз над Сините Планини на 29 април 1970 година, кога возот застанал на половина пат. Тогаш не знаеле дека за малку ја избегнале смртта благодарение на бавното движење на возот.

Поранешниот началник и детектив Клиф Мекхарди, рече дека потенцијалните убијци поставиле голем труп над шините надевајќи се дека ќе ја превртат локомотивата. За среќа, машиновозачот го закочил бавниот воз и застанал. Возот останал на пругата и не претрпел значителна штета.

„Доколку возот достигнеше нормална брзина, ќе излеташе од шините и ќе се забиеше во насипот. Моето истражување покажа дека трупецот е намерно поставен на шините“, рече Мекхарди за „Дејли Мејл“ во 2009 година.

Поради тајмингот на планот, се сомневал дека убиствениот потег бил планиран со помош на инсајдери и можеби бил предводен од симпатизери на австралиската ирска републиканска армија. Рече дека обидот се криел од јавноста и од кралското семејство 40 години за да се спаси австралиската влада од срам.

Мекхарди сепак реши да ја открие вистината и да помогне во решавањето на најголемата нерешена мистерија во кариерата. Иако разбира зошто бил чуван во тајност, поранешниот детектив рече дека прикривањето на атентатот значело дека полицијата никогаш не можела да ги фати криминалците.

„Никогаш не стигнавме до осомничениот, бидејќи ако интервјуиравме луѓе, на сите им се чинеше дека зборуваме во загатки затоа што не можевме да дознаеме за што точно се работи за нашите истраги“, призна Мекхарди на крајот.

The post Атентатот на кралицата Елизабета е една од најголемите мистерии, од јавноста го криеле 40 години appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK