На 17 септември во Градски Парк Скопје за првпат ќе се одржи „Скопје Пет Фест“- настан за сите љубители на животните.
„Фестивалот е замислен како семеен настан за деца, возрасни и нашите крзнени пријатели, со богата едукативна и забавна содржина- едукативни работилници за деца, маскоти со омилените ликови од анимираните филмови, едукативни и интерактивни предавања за одговорно сопствеништво, сведоштва за вдомени миленици, документарен филм за дивиот животински свет, кино проекција, музика и многу забава за сите посетители“, се вели во најавата.
Настанот ќе започне во 11 часот, а ќе трае до вечерните часови. Локацијата е во стариот дел на Градски Парк на летната сцена „Лепеза“, а влезот е бесплатен.
The post Во Скопје ќе се одржи првиот фестивал за миленици appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде