октомври 30, 2024

Министерот за здравство Фатмир Меџити уште не побарал на писмено од екс-директорот на Клиниката за онкологија Нино Васев образложение и финансиска пресметка врз основа на која го отстранил КАТО системот од употреба на Клиниката и цитостатиците почнале да се подготвуваат рачно, со што се отворила и можноста за крадење и манипулација со дозите.

Меџити открива: Поранешниот директор на Онкологија велел дека не е исплатливо да се користи КАТО системот

– За КАТО системот за контрола на лековите што подразбира контрола на цитостатици, ние пред 2 месеци беше компанијата што го донесе КАТО системот на Клиника за онкологија. Од директорот Нино Васев не знам зошто е прекината употребата на тој систем. Тој кажувал на зборови, немаме ништо на хартија, дека биле големи трошоците за тој апарат да функционира.

Но како и да е, ги разгледуваме сите можности, но немавме отворени раце заради ребалансот на буџетот и сега имаме ребаланс, изјави министерот Меџити на денешниот настан во ГОБ 8 Септември каде се промовираше нова медицинска опрема.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK