октомври 30, 2024

Завчерашната одлука на парламентот за измени во Крвичниот законик предизвика вистинска медиумска бура во пошироката македонска јавност.

Шпекулациите и теориите на заговор се движеа од налудничави до навистисна смешни, а главната теза на ботовите на опозицијата беше дека се подготовува некакво си враќање на Никола Груевски во Македонија.

Луѓето на Мицкоски најмногу ќе ќарат од измените на Кривичниот Законик

Сепак најголемо чувство на изневерени очекувања во јавноста предивзика фактот што ВМРО-ДПМНЕ направија кворум во Собраниската сала за оваа точка да помине иако изјавија дека со измените власта се спасува од натамошен прогон.

Сепак најгласните ботови и мегафони на Мицкоски зад завесата започнаа да ја шират тезата дека ова е договор на Груевски со СДСМ, а ги активираа и албанските партии со кои имаат соработка. Очигледно е дека Мицковски има сериозен проблем со ликот и делото на Никола Груевски и добива напади на паника кога ќе се спомене макар и најмала можност за враќање на Груевски назад во Македонија.

Тоа е своевиден парадокс бидејќи Груевски го воведе во политиката како советник на премиер, директор на ЕЛЕМ, член на ИК и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ пред овој да стане претседател на партијата, нешто што Груевски ако сакал можел многу лесно да го спречи.

Да потсетиме дека тој најави дека лично ќе го апси Греувски ако се врати во Македонија па така, наместо најмногу да се залага за прекин на политичкиот прогон како што самиот тој го нарече во 2018 и 2019 година она што му се случуваше на Груевски, тој во моментот работи лично со Зоран Заев за да спечи било каква можност за завршување на прогонот против екс-премиерот.

Секако Заев и Мицковски имаат различни мотиви да се плашат од евентуално враќање на Груевски, особено ако се врати во политиката. Првиот заради страв од реваншизам, после се што му направи, а вториот поради немање самодоверба и поради сопствениот многу низок политички капацитет, а Мицкоски особено е загрижен за неговата непопуларност кај членството, па оттука страв дека токму неговата инфериорност ќе доведе до губење на неговата лидерска позиција.

Иако фокусот преку медиуми под негова контрола и партиски ботови Мицкоски го стави на Груевски, реално екс-премиерот многу малку добива од овие измени на Законот.

Застарува само предметот ТНТ. Сите други предмети му продолжуваат а некои од нив застаруваат дури во 2036 година, што значи после 13 години. Други кои се на стенд бај заради негова недостапност би застареле по безмалку 40 години, како оној предмет за “организаторите на 27 Април”.

Кој мотив би го имал Груевски да прави било каков договор за после 13 или можеби после 40 години? Малку нелогично нели?

Логично е ако Груевски правел договор за него ќе беа опфатени сите негови предмети или барем поголем број.

И што е најважно ако Груевски сакал да се договори и некако да влијае врз процесите во државата веројатно се уште ќе беше премиер и во Македонија.

Од друга страна на пример пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и прв генерален секретар на Мицковски Игор Јанушев кој исто така е опфатен со политичкиот прогон со ова се ослободува во целост. Исто така и пратеникот и член на ИК Антонио Милошески…

Следен на листата е неформалниот коалициски партнер на Мицковски- Зоран Заев.

До крајот на мандатот на оваа влада ќе поминат вкупно три години одкако Заев не е веќе премиер, што значи за многу потенцијални негови обвиненија во иднина, од суд близок на влада каде тој не би имал доволно влијание, а за можни злоупотреби на службена должност во 2017, 2018, 2019 година би имал застарено гонење и не би бил гонет. Да, тоа се години кога Заев беше на најопуштен бидејќи беше ѕвезда во меѓународната заедница, па правеше што ќе посака и мислеше дека секогаш така ќе остане.

Близината на Заев и Мицковски, односно влијанието или уште попрецизно контролата на Заев врз Мицковски е веќе општо позната, а Заев сеуште има огромно влијание во СДСМ, така што некои работи стануваат појасни макар и со брза и кратка анализа на ситуацијата.

Не е сложено. Едноставно е.

Да потсетиме дека Артан Груби вчера истакна дека измените во Кривичниот законик се ексклузивно барање на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски уште од 2018 година, но тие се и со цел хармонизација со европското право.

„Измените во Кривичниот законик се во согласност со правилата на ЕУ, тоа е забрзана постапка и со ѕвезда на ЕУ. Вчера започна постапката во Собранието и немаше политичка партија која беше против. Има и други членови кои се ставени бидејќи и тие беа иницијатива и барање на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Груби одговарајќи на новинарско прашање денеска при при увидот во градежните активности на автопатската делница Скопје – Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK