Ракометниот вицепрвак Алкалоид ја отвори сезоната со победа. Во првото коло Алкалоид го декласира РК Скопје со 40:21 (23:11) во салата „Автокоманда“.
Избраниците на Кирил Лазаров покажаа брз и ефикасен ракомет.
Најдобар стрелец во редовите на Алкалоид беше новото странско засилување Арно Бинго со шест гола, пред Михајло Младеновиќ, Мартин Серафимов, Дарио Кофиловски и Александар Петковски кои стрелаа по пет пати.
Во следното коло кое е закажано следниот викенд, РК Алкалоид ќе го има првото суперлигашко гостување оваа сезона кај тимот на ГРК Охрид.
The post РК Алкалоид моќно ја отвори новата ракометна сезона appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде