На денешен ден, 1991-та, со моето пенкало дадов мал придонес Македонија да стане независна држава.
Десет години подоцна, во 2001-та, пишувајќи со едно друго, малку поголемо пенкало (види слика), дадов крв и парче месо од моето тело за да остане цела. Добро, не баш цела но барем во тогашните граници.
Последниве години од пенкала се префрлив на хеликоптери и авиони а понекогаш и зелена бушава гранка. Повторно ја пазам, овојпат да не изгори цела. Одвреме навреме се борам со оштетени мостови и надојдени поплави и води а ид планините спасувам и по некој повреден човек.
Нека ни е честит 8 Септември, денот на независноста на Македонија!
(Слика 1: Попова Шапка, мај 2001 година)
The post Стојанче: На денешен ден, 1991-та, со моето пенкало дадов мал придонес Македонија да стане независна држава. appeared first on Шило Магазин.
Следете не, не има насекаде