Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ Битола ќе се одржи од 2 до 10 октомври.
Фестивалот ќе биде отворен со операта „Рита“ на Националната установа Опера и балет, под диригентство на Бисера Чадловска.
Организаторите на фестивалот Милица и Кирил Рибарски, за годинава за битолската и публика од Јапонија го носат Казухиро Котецу, бас, кој ќе изведе оперски арии и македонски народни песни (Моцарт, Верди, Ј. Христовски, Георгиевски-Калица, В.Илиева) заедно со Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Владимир Димовски.
Котецу живее во Токио и настапува во тамошната опера. Но во исто време, тој е голем вљубеник во македонската музичка традиција. Досега ги има обработено песните: Македонско девојче“, легендарната песна од Јонче Христовски – „Ако умрам ил’ загинам“, а потоа и втората верзија на Македонско девојче, Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Кога падна на Пирина“ , „Земјо македонска“ и други.
The post Јапонскиот оперски пејач Котецу ќе настапи на Интерфест во Битола appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде