октомври 30, 2024

Многу здрави намирници може да бидат многу калорични и спротивно од верувањето – можат да натрупаат масни наслаги на вашата половина. Освен дебелеењето, може да доведат и до некои здравствени проблеми како што е скок на шеќерот во крвта.

Нутриционистката Дестини Муди посебно истакнува дека треба да внимаваме на два вида намирници – тоа се житарките кои претежно ги јадеме за доручек и јаткастите плодови.

Житарки за доручек
Многу луѓе бираат житарки за доручек или ужина. Освен што се практични, се чинат и како здрава опција за почеток на денот. Меѓутоа, во овој случај е важно да се обрне внимание на квалитетот на намирниците, бидејќи содржат голем удел на шеќер и рафинирани јаглехидрати. Покрај тоа, содржат и малку влакна што значи дека нема доволно да ве заситат.

Јаткасти плодови
Јаткастите плодови се богати со нутритиенти и здрави масти, што е добра замена за намирници како чипс и друг нездрави грицки. Меѓутоа, исклучително се калорични и треба да се консумираат умерено. Плус, најчесто содржат голема количина на сол, па пожелно е да купувате варијанта која при печењето не е додавана сол.
Богати се со витамин Е, кој е силен антиоксиданс и заедно со другите здрави масти го намалува ризикот од болести на срцето. Меѓутоа, 100 грама јаткасти плодови содржат и до 500 калории, што е отприлика како еден избалансиран доручек со сите потребни нутритиенти.

Јаткастите плодови се секогаш подобар избор од намирници како кекси или чоколада, но внимавајте на големината на порцијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK