октомври 30, 2024

Њоките се едно од наједноставните италијански јадења кое секој може да го подготви во кујната.Италијанците се познати по подготовката на некои од најпознатите јадења од тесто, како паста, пици, њоки, лазањи…

Никогаш не користат готова храна, туку сите производи од тесто ги подготвуваат сами. Доколку сакате и вие да направите автентично италијанско јадење, предлагаме да започнете со најлесното, а тоа се њоки во сос од домати. Тестото од компири не е комплицирано за подготовка, а ќе направите ручек кој на сите ќе им се допадне.

Потребни состојки:
1 кг компири
1/4 лажичка морско оревче
1 јајце
190-250 гр брашно
бибер
за сосот:

2-3 лажици маслиново масло
1 кромид
2 чешниња лук
800 мл доматен сос
8-10 листови босилок
1 лажичка суво оригано
пармезан

Подготовка:
Во тенџере ставете ги исечкните компири, посолете ги и варете ги додека не омекнат. Процедете и изгмечете ги, па додадете јајце, морско оревче, бибер и просеано брашно, па замесете тесто. Поделете го на 4 еднакви делови и секој дел развлечете го во форма на змија. Тоа ќе го направите со ролање на тестото нагоре-надолу. Исечете ги на помали парчиња и ставете ги во тенџере со зовриена вода. Кога ќе испливаат до врвот се готови.
Во голема тава загрејте го маслиновото масло, додадете го исечканиот кромид и пржете 4-5 минути, додека не порумени. Додадете толчен лук и пржете уште 2 минути. Прелијте со доматен сос, додадете сечкан босилок и суво оригано. Промешајте и варете уште 5-10 минути. Во сосот додадете процедени њоки и варете уште минута-две. На крајот посипете со пармезан и послужете.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK