Талибанските власти денеска им забранија на неодредено време на жените да студираат на универзитетите во Авганистан, соопшти Министерството за високо образование во писмо упатено до сите јавни и приватни високообразовни установи во земјата.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Со ова сите сте информирани да ја спроведете спомнатата наредба за прекин на образованието за жените до нова одредба“, се вели во писмото што го објави министерот за високо образование Неда Мохамад Надеем.
Портпаролот на Министерството, Зиаулах Хашими, исто така ја потврди таа вест.
До забраната за високо образование дојде по помалку од три месеци откако илјадници девојки и жени полагаа приемни испити на универзитетите низ целата земја.
Таа рестриктивна мерка на талибанците во областа на образованието на жените е најнова во серијата ограничувања воспоставени против жените и најверојатно ќе предизвика загриженост кај меѓународната заедница, јавија западни медиуми.
Девојките веќе биле лишени од пристап во средните училишта.
Кога се вратија на власт во август 2021 година, Талибанците ветија дека ќе биде пофлексибилни, но во голема мера се вратија на ултраригорозната интерпретација на исламот што го одбележа нивниот прв период на власт (1996-2001).
МИА