ноември 26, 2024

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека чувствува одговорност бидејќи застанал позади градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, која, според него, се покажала како слаб менаџер.

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

„Наместо тоа за што се боревме и наместо за тоа што беа нашите вредности, таа се залага за поинакви кои немаат врска со потребите на Скопје. Но, ќе направам се, ќе дадам сѐ од себе, да ја исправам таа грешка и концептот „За модерно Скопје“ да заживее“, изјави Мицкоски во интервју за националниот ТВ сервис.

Тој обвини дека во Скопје функционира коалиција помеѓу Арсовска и СДСМ, која е „деструктивна за животот на Скопјани“.

„Коалицијата е се поочигледна и наместо да работат, тие се зафаќаат со растурање на пердуви и лаги“, изјави Мицкоски, обвинувајќи дека Арсовска и СДСМ „седат во иста канцеларија, договараат стратегија да глумат дека се напаѓаат, а во исто време да работат за исти интереси“.

Во врска со нападите на Арсовска и искажаните ставови од нејзина страна за закани, Мицкоски изјави дека е „згрозен и шокиран од таквите лаги“, обвинувајќи ја скопската градоначалничка дека наместо да работи за Скопје се фокусира на лаги.

„Жалам што направив погрешна проценка за карактерот на човекот кој го поддржав денеска да биде градоначалник на Скопје. Верував бидејќи препораките и биографијата беа солидни и до ден денеска верувам дека тогаш направивме вистински чекор, бидејќи направивме победник, но жалам што поддржав човек кој сега се фокусира на ниски страсти, лаги, конструкции поучен од не многу ликови кои се дел од нејзиното опкружување. Наместо да испорачува за Скопје, таа се фокусира да растура пердуви за мене и лаги и конструкции“, рече Мицкоски.

Извор: МИА

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK