Абердин го имаше великанот Глазгов Ренџерс на колена за да го победи, зашто до 95-та минута водеше со 2-1 и на крајот успеа да загуби со 2-3 во преостанатите три минути од судиското надополнување во шкотскиот Премиершип, во меч на кој за чудо македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, кој е најдобар стрелец на тимот досега – беше тивок.
Абердин беше близу до деветти сезонски триумф, ама успеа сè да прокоцка за три минути и по 17 кола остана на 25 бода на третото место. Миовски, пак, кој има 11 гола, играше нешто повеќе од еден час по што беше заменет.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Ренџерс преку Замбиецот Фешн Сакала поведе по 20 минути игра, но Дук во 45-та даде гол за израмнување, па Лијам Кларксон во 53-та дури и направи пресврт и победата Абердин ја имаа во рака до 90+5-та минута кога Скот Арфилд израмни, а три минути потоа во судиското надополнување даде и трет гол за победа.