октомври 28, 2024

Како да изгледате елегантно и дамски без многу труд, одговорот на тоа прашање го знае Јелена Ѓоковиќ која непогрешливо ја бира модната класика.

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ и директорка на фондацијата која го носи нејзиното име, спаѓа во најдобро облечените Србинки и одново нѐ потсетува дека едноставноста е најдобриот начин да оставите добар впечаток.

Таа во последно време преферира сведени модни комбинации, рамни линии и монохроматски, евентуално двобојни варијанти, а позната е и по „business casual“ стилот којшто лесно се копира.
Покрај длабоките панталони со широки ногавици, Јелена често ја гледаме и во нејзиниот омилен модел на здолниште, совршен за на работа, свечености, вечерни излегувања, па дури и за одење на кафе во текот на денот.

Станува збор за „pencil“ здолниште, вонвременски класик којшто излезе од рамките на „деловната мода“ и сега е прикладно за речиси секоја пригода.
Иако вообичаено се комбинира со салонки, овој модел сѐ почесто го гледаме искомбиниран со патики или други рамни обувки и е сигурен начин да изгледате поелегантно и без многу труд.
Здолништето е со рамен и тесен крој, а вообичаено се протега до колената или до под нив, името го добило по „пенкало“ поради тоа што е долго и тенко.

Интересно е тоа што Јелена кога носи вакво здолниште секогаш го комбинира со светли обувки. Благодарение на беж или карамел обувките нејзиното здолниште останува во фокус, а и таа е поедноставна, па целиот стајлинг зрачи со отменост.
Ваквиот модел на здолниште има долга историја во западната мода, а неговиот претходник било „hobble“ здолништето, широк модел од периодот пред Првата Светска војна, „прицврстен“ во пределот на колената или под, којшто ја сече фигурата.

Вистинска револуција се случила откако Кристијан Диор ја претставил скратената верзија од здолништето во својата колекција есен/зима година, а оваа варијанта била поласкава за фигурата.
Покрај мини-здолништето, „pencil“ станало едно од најмодерните, особено како канцелариска облека во време на Втората светска војна и во текот на Студената војна кога ткаенините биле многу скапи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK