декември 23, 2024

Исполнето е едно од клучните ветувања на Владата на Македонија со кое Општина Охрид го добива првиот дел од вкупните 250 милиони евра за сите општини за реализација на капитални инвестиции.

10 инфраструктурни проекти од областа на животната средина и просторното планирање за инвестиции во изградба на атмосферски и фекални канализации, колектори, нови водоводи, регулации на реки и други проекти:

Реконструкција на улица во с. Пештани
Реконструкција на улица во с. Подмоље
Реконструкција на улица во с. Долно Лакочереј
Реконструкција на водоводна линија на ул.„Кленоец“ ЛТХ „Леарница”
Реконструкција на пешачки улици во рамките на градските гробишта
Реконструкција на локален пат од крстосница за с. Рамне до црква „Свети Атанасиј“
Проект за замена на постоечка опрема во пумпна станица „Метропол“
Реконструкција на атмосферска и фекална канализациона мрежа за дел од ул. „Кленоец“
Реконструкција на улица во село Опеница која води до црквата „Свети Кузман и Дамјан“
Рехабилитација на дел од локален пат за с. Куратица

Подобрување на условите за живеење на сите во Општина Охрид е наш приоритет и продолжуваме со уште посилно темпо да реализираме низа проекти во интерес на охриѓани.

Само преку вакви инвестиции државата им враќа на граѓаните и вака го подобруваме реалниот живот на сите луѓе.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK