октомври 28, 2024

„Целосно реконструиран булеварот Кузман Јосифовски – Питу, булевар кој ги исполнува сите светски стандарди. Скопје мора да биде метропола со широки, безбедни и и стандардизирани булевари и улици. Патната инфраструктура на која досега реагираа граѓаните дека е деформирана и небезбедна, сега целосно и темелно се реконструира“објави градоначалничката Данела Арсовска, кога булевар беше пуштен во употреба пред нецела година.

Арно ама, реконстуираниот булевар на потегот од Железинчаката станица кон Народната банка на Македонија повторно стаса за реконструкција. Да не бидеме злонамерни, она што го споделуваме со јавноста е регистрирано и од објективот на „24 инфо“. Ги регистриравме деформациите на тазе реконструираниот булевар каде летово најпрво се отворија дупки, а сега една коловзна лента целосно е деформиран и небезбедена за сообраќај !?

Од стандардите и темелната рконструкција со која се пофали градоначалничката нема ништо. Топлото време и густиот сообраќај на овој потег од градот го исфрлија на површина по којзнае кој пат квалитетот со кој се гради, реконструира, санира…

На крајот цехот го плаќаат гаѓаните.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK