октомври 28, 2024

Изминатиов период подкастот на Јутјуб каналот на Стефан Лазаров ги руши сите рекорди на гледаност. Во емисијата покрај скокотливи прашања без цензура и големиот број на наши познати фаци кои гостуваат кај Лазаров еден од најголемите виновници е екстравагандниот новинар Зоки Фаци.
Зоран Василевски Фаци важи за еден од оние водители и новинари во Македонија кои јавно кажуваат она што го мислат, па и не му е тешко во поткасот на Лазаров да ги покани нашите јавни фаци, кои му се исто така и пријатели во приватниот живот.

Скоро во ПОДКАСОТ кај Лазаров гостуваше и Зоран Илиевски познат по името како Роџер. Тој можеби за првпат открива како во 2014 година добивал закани по живот бидеќи сакал да учествува во тендерот за БАРОКОТ во Скопје, и како отогаш почнува неговата голгота се до неговото заминување од Македонија…..

Зоран Василески, студирал Ветеринарен факултет, но љубовта кон телевизијата го внела во новинарските води и тоа цели 15 години, но денес тоа го прави само од љубов и како хоби, а занимање му е маркетинг менаџер во локалот „Mi Casa“ кај скопската тврдина Кале.

Но кога сме кај Подкасот, Лазаров не крие дека омилен лик му е Бака Прасе познатиот јутјубер од Србија.
Лазаров живее од неговиот канал а заработува од 4 до 5 пати повеќе месечно од која било друга работа во Македонија.

The post Благодарение на Зоки Фаци, ПОДКАСТОТ на Лазаров ги руши сите рекорди на гледаност во Македонија. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK