октомври 28, 2024

Професор доктор Сашко Јовев во изјава за Слободен печат негира дека физички го нападнал директорот на Клиниката за кардиохирургија, доктор Марјан Шокаровски, како што претходно извести МВР. Тоа, според професорот Јовев не е вистина.

Со директорот имале вербална расправија, па доктор Јовев во полициска станица пријавил мобинг и вербален напад. Од стресот, Јовев е хоспитализиран на кардиологија, поради тоа што му се покачил крвниот притисок и му се вршат иследувања.

– Нема физички контакт, ниту од моја ниту од негова страна. Само што јас се удрив случајно од неговите лупи, но тој не ни замавна да ме удри. Ние вербално се расправавме. И бидејќи вербално се расправавме, тој прв ми рече на висок тон „Овде пред мене застани“. И кога му се приближив и почнав да викам, почна да извикува „полиција, полиција“. Ни на крај памет не ни беше да се тепаме. Тогаш јас излегов и заминав во полиција и пријавив вербален напад и мобинг од негова страна врз мене. Како може јас да одам да пријавам дека јас сум го натепал него? Тоа е нонсенс. Пријавив дека јас сум вербално нападнат и дека сум под мобинг цело време, изјави доктор Јовев за Слободен печат.

Тој додаде дека директорот Шокаровски му врши мобинг подолго време, откако станал директор.

– Не ми дава да влезам во амбуланта, не ми дава да оперирам, мобинг ми прави.

Само тргнав накај амбуланта и реков дека ми треба некој од младите. Тој на висок тон ми кажа пред сите „пред мене, тука – нацртај се пред мене!“. Јас се вратив, му велам исто така на висок тон, зарем не ти е срам ти мене да ми кажуваш да се нацртам? И почнав да викам јас, викаше и тој, и кога почна да извикува „полиција, полиција“, сфатив дека ќе инсинуира нешто и отидов и сам пријавив дека имам вербален напад од него.

Никаква медицинска сестра не беше инволвирана. Прави монтажи неколку месеци. Тој, кој што го има поставено, веројатно му има дадено задача и го поддржува да ми направат монтажа за да си одам. Тоа е целата идеја.

Генерално ми прави мобинг и ме навредува. Не ми даваше да оперирам, трансплантацијата кога се случи неодамна, викна човек од странство, а пациентот плачеше јас да го оперирам. Ме исфрли од канцеларија и сите алишта ми ги исфрли надвор.

Срамно е да го зборувам тоа, што сѐ едно дете му прави на професор. Од првиот ден кога стана директор почна да се однесува така кон мене. А пред тоа ќутеше како учениче, што и е, споредено со мене, посочи доктор Јовев.

Доктор Марјан Шокаровски за Нова Македонија изјави дека во интерес на истрагата не сака да коментира за денешниот настан кој се случи на Клиниката за кардиохирургија.

The post Професор Јовев: Новиот Директор ми ги фрлаше алиштата од кабинетот, не ми дава да оперирам а пациентот плачеше за мене, целта е да си одам од Клиниката!!! appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK