Вооружен напаѓач застрелал двајца Албанци во Атина.
Посетителите на кафуле на централниот плоштад во атинското предградие Неа Смирни биле сведоци на пукање во кое се убиени двајца мажи на возраст од 44 и 42 години, а една жена е повредена. Нападот се случил во неделата вечерта, а напаѓачот отворил оган и убил двајца Албанци.
Медиумите ги објавија имињата и фотографиите на двајцата Албанци кои беа убиени на плоштадот Неа Смирна во Атина. Во прашање се Крешник Черциза (41) од Авлона и Армандо Органја (44). Черциза и претходно бил вмешан во случаи на дрога и други кривични дела, а албанскиот суд го осудил за криумчарење илегални имигранти, а две лица го загубиле животот при потера со брод од Италија, пренесува Прототема.
На него синоќа му било констатирана смрт на лице место, додека Органја со тешки повреди бил пренесен во болница. Албанските медиуми јавуваат дека Органја неодамна добивал закани и дека речиси го сменил местото на живеење. Снимката од надзорната камера која е објавена на Јутјуб го снимила моментот кога вооружен маж со маска преку лицето отворил оган.
Еден сведок изјави за „Прототема“ дека еден од двајцата Албанци бил познат во областа по „заштита“, додавајќи дека е познат како Нико. „Жртвата беше позната на плоштадот, го знаевме како Нико“, рекол вработен во кафулето и очевидец.
Следете не, не има насекаде