Сто илјади луѓе ги пречекаа своите херои на улиците на Буенос Аирес, а од целата еуфорија што беше создадена, настана целосен хаос !
Централната прослава беше на плоштадот Обелиск, каде новите светски шампиони пристигнаа со отворен автобус од кој ги поздравија сите присутни.
Возилото се движеше исклучително бавно низ толпата луѓе, а обезбедувањето беше целосно немоќно пред налетот на луѓето .
А како што пренесуваат локалните медиуми, Меси и компанија морале да бидат евакуирани со хеликоптер бидејќи немало друг излез!
Според медиумите, човекот кој скокнал од мостот за да не „падне“ во автобусот со играчите, починал малку подоцна во болница.
Аргентина ја освои третата титула на Светското првенство во неделата , победувајќи ја Франција во финалето на пенали
Следете не, не има насекаде