Текстописецот Милан Лаќа Радуловиќ (36), син на покојната Марина Туцаковиќ и Александар Фута Радуловиќ, е пронајден мртов во Израел.
Неговата прерана смрт потресе многумина, вклучително и јавни личности кои соработуваа и со неговата покојна мајка Маринка Туцаковиќ и со него.
Имено, како што потврдија за Телеграф.рс, неговото тело во недела ќе биде донесено во Србија.
НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА – полицијата го барала со денови, во потрагата бил вклучен и Интерпол!
Како што дознал, пријател со кој Лаќа бил во Израел го пријавил како исчезнат пред 3 дена. По посетата на 12 декември во една библиотеката на првиот израелски премиер и некои други знаменитости, му се губи секаква трага, а бидејќи е странски државјанин, во истрагата се вклучил и Интерпол.
Да потсетиме, животот на Лаќа го одбележаа две големи трагедии, смртта на неговата мајка Марина Туцаковиќ и неговиот брат Милош, кој почина во 2008 година.