октомври 28, 2024

Сите знаеме дека внесот на витамини е многу важен, па затоа се трудиме да ја балансираме исхраната за да го добиеме токму она што ни е потребно.

Кога станува збор за витаминот Б12, тој е хранлива материја која е од витално значење за правилното функционирање на организмот. Потребен е за формирање на црвени крвни зрнца кои овозможуваат снабдување со кислород во телото. Ако немате доволно во телото, тоа може да биде опасно за вас и да резултира со трајно оштетување. Колку побрзо, се разбира, ги забележите овие недостатоци, толку подобро за вас.

Доктор Џошуа Берковиќ, основач на клиника, истакнува дека има широк спектар на симптоми кои можат да се појават поради недостаток.

– Анемијата е честа причина за дефицит на Б12 или фолати каде што има помалку црвени крвни зрнца или помалку хемоглобин, што и помага на крвта да носи кислород низ телото. Невообичаен симптом е глоситис или болка во јазикот – рекол тој, пренесува „Експрес“.

Недостатокот на витамин Б12 може да предизвика воспаление на јазикот што го прави отечен, болен и непријатен за јадење, голтање и зборување. Точната причина за ова не е целосно разбрана. Сепак, се верува дека недостатокот влијае на нормалниот процес на обновување на клетките на јазикот, што доведува до промени во изгледот и текстурата на јазикот.

Покрај овој необичен симптом, други можни симптоми се:

-Екстремен замор
-Прoблеми со видот
-Психијатриски симптоми (депресија, анксиозност, лошо расположение)
-Губење на апетит
-Чувство на несвестица, вртоглавица и главоболка
-Краток здив
-Палпитации на срцето
-Проблеми со рамнотежа и координација
-Ѕвонење во ушите
-Промена во способноста за размислување, паметење, разбирање и расудување

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK