октомври 28, 2024

Во денешната епизода на Тешки муабети, нашиот ко-водител Филип Петровски, истакна дека Христијан Мицкоски е донесен на чело на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да поминат уставните измени за промена на името на Република Македонија.

– По 2017 и фингираниот конгрес во Валандово, бев прогласен од Мицко и неговата банда за заевист.

Сега се испостави дека Мицкоски е заевист, јас Заев не го знам лично, не сум го сретнал лично, само знам дека е смртен идеолошки непријател на ВМРО, на моето ВМРО-ДПМНЕ, не на ова сега.

Јас на Груевски му кажав што го чека, јас видов за каков човек се работи (за Мицкоски), тој нема никаква идеолошка поврзаност со ВМРО, требаше таков човек за да се смени името, вели Петровски.

Во врска со поврзаноста меѓу Мартин Протуѓер и Христијан Мицкоски, уредникот на Инфомакс, Алекснадар Митовски, открива дека Протуѓер комумицира со малку луѓе, но меѓу нив е и Мицкоски, кој барал Протуѓер да биде негов советник.

– Со многу малку луѓе контактира, меѓу кои и Христијан Мицкоски, бидејќи Мицокоски сакал тој да му биде советник.

Мартин Протуѓер е менториран од Срѓан Ќерим. Мартин има такви некои врски кои се во суштина, удбашки, кодошки, вели Митовски.

Целата емисија гледајте ја во продолжение:

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK