октомври 27, 2024

По долги години, денеска се исполнува една света обврска, големата желба на нашиот Тоше Проески и на крушевчани – се осветува манастирот Свето Преображение Господово во Крушево, за чија изградба Тоше несебично се залагаше уште од раното детство, па се’ до последниот ден од кобната несреќа, по која македонскиот народ остана во длабок непребол.

Чинот на осветување го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на повеќе архиереи на МПЦ-ОА.

Со новиот фрескоживопис поставен неодамна, овој манастир кој Тоше го нарекуваше втор дом поради духовниот мир кој го пронаоѓаше во него, конечно го добива својот целосен манастирски сјај.

Нека му е вечна слава на нашиот Тоше!, објави на ФБ министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

The post Спасовски: Се исполни големата желба на нашиот Тоше – се осветува манастирот Свето Преображение appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK