ноември 27, 2024

Секторот за внатрешни работи Тетово до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против 52-годишниот М.Џ. од тетовска Палатица поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „лажно пријавување на кривично дело”, казниво по член 366 став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од МВР, пријавениот се сомничи дека на 2 декември лажно пријавил дека во неговата куќа во Палатица била извршена тешка кражба во која биле одземени златен накит и девизи во вкупен износ од околу 100.000 евра, а во која наводно учествувал неговиот син А.Џ.(19) со уште три други лица, по што наводно се оддалечиле од куќата  и заминале со возило „фолксваген голф” со тетовски регистарски ознаки. М.Џ. признал дека ја измислил целата приказна околу кражбата.

The post Тетовец лажно го пријавил синот дека му украл злато и девизи вредни 100.000 евра appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK