Судот во Ќустендил осудил Македонец со двоен пасош (македонски и бугарски) на четири години и шест месеци затвор и парична казна од 25.000 евра.
Обвинетиот е осуден откако се изјаснил виновен по три точки од обвинението – за обид за шверц на амфетамин во вредност од 27.330,20 евра, за поседување високоризична наркотична супстанца без дозвола и за обид да ја премине бугарската граница без дозвола на граничните органи.
Одлуката на окружниот суд во Ќустендил за 50-годишниот Д. Д. е конечна.
The post Македонец осуден на 4,5 години затвор во Ќустендил за шверц на амфетамини appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде