октомври 27, 2024

Во националниот парк Карлсбад Каверс во Ново Мексико, САД научниците откриле уникатна пештера со базен полн со уникатно млеко, пренесува Дејли стар.

Базенот што го пронашле е опкружен со бели замрзнати карпи, додека водата што тече е матна со кремаста нијанса која потсетува на млеко.

И додека многумина се надевале дека тоа е магично млеко, научниците потврдиле дека тоа е оптичка илузија со оглед на тоа дека водата е кристално чиста.

Овој базен е пронајден на дури 213 метри под земја, а научниците не можеле да го сокријат задоволството од таквото откритие.

„Истражувањето на пештерата понекогаш дава мали, но чудесни глетки“, напишале во објавата.

Пештерата Карлсбад се извор на истражување со децении и често се откриваат нови области. Во 2012 година, истражувачите пронајдоа целосно нова мрежа на меѓусебно поврзани тунели што водат до џиновска просторија долга скоро 182 метри и висока 45 метри.

The post Научници од САД открија уникатна пештера со базен полн со бела течност која наликува на млеко appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK