октомври 27, 2024

Дали градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска е кмет од Петрич? Ова прашање вечерва беше поставено до Арсовска откако во јавноста стана јасно дека Бугарија ќе ги објави сите Македонци кои имаат бугарски пасош.

„Да не беше трагично, ќе беше смешно. Имајќи го во предвид од кого доаѓа. Тоа го зборуваат луѓе кои потврдено имаат бугарски државјанства. И кои што си имаат двојни пасоши. Не велам дека тоа е лошо, дури и да е така, тоа не е грев. Ние сакаме да кажеме дека сме во општество кое е демократско, попрогресивно одиме кон ЕУ и се залагаме за некои вредности, како и бранење на човековите права“, изјави Арсовска во емисија на порталот Инфомакс.

„Има дел од луѓето кои пасошите ги земале од мака. Од економски причини, им било неопходно да добијат вработување. Дел од нив го земале за да шетаат по белиот свет без да имаат можност да добија виза во тоа време. Не навлегувам во нивните причини, но да бидеш носител на бугарски пасош некого да го критикуваш дека главно маана дека тој можеби имал или немал, навистина е смешно“, додаде Арсовска без точно да одговори дали има или не бугарско државјанство.
4news

The post Арсовска не одговори дали има Бугарски пасош, но вели дека не е грев да се има бугарско државјанство…. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK