октомври 27, 2024

Италијанската филмска дива Софија Лорен паднала во бањата во својот дом во Швајцарија па била итно оперирана. Веста ја објави нејзиниот менаџер Андреа Џусти кој рече дека осумдесет и деветгодишната актерка се здобила со сериозни скршеници на колкот и бедрената коска.

„Операцијата помина добро, сега ѝ треба одмор и сѐ ќе биде во ред“, изјави портпаролот на Лорен, додавајќи дека нејзините деца Карло и Едоардо се покрај неа.

Родена во сиромашно семејство во Неапол, Лорен изгради успешна актерска кариера, станувајќи ѕвезда и во Холивуд. Во 1962 доби Оскар за најдобра актерка за филмот „Две жени“, а во 1990 ѝ беше доделен и почесен Оскар. Последниот филм го сними пред три години.

Лорен утре во Бари требаше да присуствува на отворањето на новиот ресторан од ланецот „Софија Лорен“, четврти во Италија, по оние во Милано, Фиренца и Рим.

The post Софија Лорен итно оперирана откако паднала во бањата и скршила колк appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK