октомври 27, 2024

Од утре во маркетите по поевтини цени ќе можат да се купат и безалкохолните пијалаци, газираните и негазираната вода и пивото. Дополнително намалување ќе има и кај овошјето и зеленчукот поради намалување на трговските маржи. Вакви одлуки донесе Владата на денешната седница, за што на прес конференција информираше премиерот Димитар Ковачевски кој нагласи дека тие уште во текот на денот ќе бидат објавени во Службен весник, а ќе се применуваат од утре и ќе важат до 30 ноември годинава.

„Со денешната одлука на Влада на листата со гарантирана цена влегуваат и безалкохолните пијалаци, газираните и негазираната вода и пивото. Донесовме и нова одлука за намалување на маржата кај овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените до 30 проценти за овие производи“, рече на прес конференција во Владата премиерот Ковачевски.

Тој посочи дека кон мерката Гарантирана цена како општествено одговорни компании самоиницијативно се приклучиле производителите на безалкохолни пијалаци и вода.

„Ова е за поздравување бидејќи само со заедничко дејствување можеме да придонесеме за економска стабилност во државата и пред се она што е најважно да ги заштитиме граѓаните“, рече Ковачевски.

The post Поевтинуваат сокчињата, водата во шишиња и пивото. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK