октомври 27, 2024

Чаир бил и ќе остане упориште на ДУИ и Али Ахмети, изјави Шкодране Дардишта, секретар за еднакви можности во огранокот на ДУИ во Чаир на Форумот на жени кој вечерва се одржа во Чаир на тема: Лице в лице за еднакви можности.

Според неа, секоја работа започната со чисти намери мириса на победа, додавајќи дека соочувањето со среќата е полесно и ќе биде кога ќе се држиш за корените, а не за гранките.
Нашите корени носат само едно име, големиот Али Ахмети. Многу работи беа кажани и ќе се кажат. Чаир беше и ќе остане упориште на ДУИ. Вечерва жените докажаа дека Чаир останува непобедлив столб на ДУИ. Последователните победи го носат и печатот на жените од Чаир. Кога ќе се собереме, можеме да ги срушиме сите бариери. Ние сме велесили кога сме заедно. Сакам да му се заблагодарам на семоќниот Али Ахмети, рече Дардишта.

The post Шкодране Дардишта: Албанците се весели и среќни благодарение на семоќниот Али Ахмети. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK