октомври 27, 2024

Азербејџан загуби 192 војници за време на минатонеделната воена операција за враќање на контролата врз отцепениот регион Нагорно-Карабах, соопшти азербејџанското Министерство за здравство.

Азербејџан: Во Нагорно-Карабах загубивме 192 војници

За време на азербејџанските воени операции беа убиени 200 етнички Ерменци, но како дел од постигнатиот договор ерменските борци се согласија да го предадат оружјето.

Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, е управуван од етнички Ерменци веќе три децении со поддршка и сојуз на Русија, наведува „Ројтерс“.

По операцијата на азербејџанската армија, речиси 30.000 етнички Ерменци веќе избегаа од Нагорно-Карабах, што е четвртина од ерменското население во овој регион. На единствениот пат што води кон Ерменија, дестинацијата на сите оние што заминуваат од Нагорно-Карабах, камерите снимиле стотици автомобили, јавува Би-би-си.

Официјален Баку вели дека жителите на регионот ќе бидат безбедни, но ерменскиот премиер тврди дека етничкото чистење почнало.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK