октомври 27, 2024

Фејсбук статус на Апасиев во кој обзнани дека ја срушиле двојазичноста на изводите.

Откако Левица, преку претставка, го оспори Упатството за водење матични книги донесено од Министерство за правда, Уставниот суд одлучи да поведе постапка по истата – со што се застана на патот на желбите на етно-трибалистичката власт за омаловажување и потчинување на нацијата пред сецесионистичките желби на необалистичките партии на албанското малцинство.

ПО ИНИЦИЈАТИВАТА НА ЛЕВИЦА УСТАВНИОТ СУД ГИ ПОНИШТИ „ДВОЈАЗИЧНИТЕ ИЗВОДИ“

Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да го поништи ова Упатство, со што одлуката има ретроактивно дејство, односно сметано од моментот на донесувањето на актот којшто се поништува.

Министерот за правда, Кренар Лога преку овој акт се обиде да ја протне двојазичноста и графата за „националност“ во новите изводи на родени – спротивно на сите цивилизирани практики и со цел сегрегација на населението во Република Македонија.

Оваа ненародна власт на СДС и ДУИ наместо да работи во интерес на македонската нација, таа постојано презема чекори кои водат кон дополнителна дезинтеграција, со што македонската нација се спушта на ниво на кое се изедначува со етникум.

#Левица и понатаму ќе продолжи во својата борба и определба за зачувување на македонскиот идентитет и држава со користење на сите расположливи средства.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK