октомври 27, 2024

Официјално, директорката на Битолската клиничка болница, д-р Елизабета Ивановска за „Независен“ потврдува дека момчето претходниот ден, во вторникот, било лекарски третирано и му била дадена терапија и било пуштено дома, но ноќта меѓу вторникот и средата повторно имало висока температура и влошување на состојбата, што било причина да се врати на болница и да се хоспитализира. За жал, имало лошо наоди на направените лабораториските анализи.
БИТОЛА – Момче од Битола на возраст од 24 години вчера доцна попладнето починало во Битолската клиничка болница, откако било примено со многу висока температура и трески. На почеток било згрижено на одделот за Интензивна нега, и биле консултирани конзилијарно и лекари од други одделенија, но од час во час состојбата се влошувала, па по речиси десет часа од хоспитализацијата починало, пренесува nezavisen.mk/

Официјално, директорката на Битолската клиничка болница, д-р Елизабета Ивановска за „Независен“ потврдува дека момчето претходниот ден, во вторникот, било лекарски третирано и му била дадена терапија и било пуштено дома, но ноќта меѓу вторникот и средата повторно имало висока температура и влошување на состојбата, што било причина да се врати на болница и да се хоспитализира. За жал, имало лошо наоди на направените лабораториските анализи.

„Момчето е примено во болницата вчера утро, претходно било високо фебрилно дома седум дена, не било лекувано, не се јавило на лекар. Претходниот дел дошло на Инфективно, земени се брисеви, лабораторија и пуштено дома со терапија. Но, ноќта повторно било високо фебрилно и вчера сабајле доаѓа на Интерно, контактибилно, но имаше многу лоши наоди од лабораторија. Го зедоа во службата за анестезија, бидејќи имаше целосен дисбаланс во организмот. Таму беше до 18 часот, но состојбата се влошуваше од час во час. Комплетно беше третирано со направени анализи на компјутер, глава, абдомен, торакс, повикани конзилијарно лекари од други одделенија на болницата. Го прегледаа доктори од Неврологија, Инфектологија, ОРЛ, Хирургија, Очно и други одделенија. За случајот повикавме да се направи обдукција, за и ние како лекари да знаеме која беше причината за смртта“, изјави д-р Ивановска за „Независен“

Битолската јавност се уште е потресена од смртта на 5 годишната Јана Христовска која почина на Детско неколку часа по примањето на гликоза, како и околностите околу породувањето на Викторија Крстевска, кога новороденчето почина по два часа. И двата случаи завршија пред обвинителството во Битола. За смртта на Јана не беше потврдена лекарска грешка, а за новороденчето сѐ уште нема конечно изјаснување од ОЈО.
(А.Блажевска)

The post Момче на 24 години починало во Битолската болница по седум дена висока температура appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK