октомври 27, 2024

Холивудската актерка Анџелина Џоли во интервју за магазинот „Вог“ зборуваше за својот приватен живот и за бизнисот што го започнала.

„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Ме спаси тоа што имав деца. Мислам дека ќе се свртев кон многу помрачна страна од животот да не сакав да им се посветам. Тие се подобри од мене токму затоа што сакам тие да бидат“, изјавила актерката.

Во 2016 година Анџелина Џоли и Бред Пит објавија дека се разведуваат. Тие имаат шест деца: Медокс (22), Пакс (18), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15).

„Во последните десет години се чувствувам изгубено. Не сакам да откривам многу детали за ова”, изјавила таа и накратко се осврнала на животот на семејството по разводот со Бред Пит.

„Ни требаше долго време да се опоравиме. Се уште се обидуваме да застанеме на нозе“, изјавила таа.

Таа неодамна лансираше моден бренд наречен „Atelier Jolie“.

„Не сакам да бидам моден дизајнер, туку да изградам компанија каде што другите луѓе ќе можат да станат дизајнери. Се надевам дека ќе променам многу аспекти од мојот живот, а ова е само еден од нив“, рече таа.

The post Ни требаше долго време да се опоравиме и да застанеме на нозе, Анџелина Џоли за животот по разводот со Бред Пит appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK