октомври 26, 2024

Улогата на Меган Маркл во серијата Suits повторно се коментира, откако од пред неколку месеци е достапна и на Netflix. Голема бура предизвика нејзин поранешен колега, партнер од серијата, Патрик Адамс, којшто неодамна објави досега невидени експлицитни фотографии.

Адамс се извинил што го направил тоа, а принцот Хари пред тоа ги коментирал.

„Згрешив што го пребарував ѝ ги гледав нејзините љубовни сцени на интернет. Особено меѓу неа и нејзиниот колега во канцеларија. Ми беше потребна терапија со електричен шок за да ги исфрлам тие слики од главата. Таквите работи не треба да ги гледам“, напишал во мемоарите.

Хари во споменатата книга навел дека британското кралско семејство се мешало во снимањето на таа серија, што Меган тешко го поднела затоа што ја сакала таа серија, односно го сакала ликот којшто го толкувала, колегите актери и целата постава, ја сакала Канада.

Експлицитните сцени се дел од актерската професија и актерите за жал поради тоа се изложени дури и на критики и разни погрешни и површни коментари. А, објавување фотографии без дозвола на оној којшто е на нив е прилично навредливо и непристојно, што го признал и Патрик Адамс, а за неговото извинување пишува и Daily Mail.

Меган Маркл глумела во серијата „Suits“ со години, а потоа се откажала од улогата, но и актерството поради врската со Хари. Токму сцените од таа ТВ приказна се користеле против неа кога се дознало за романсата на Меган и Хари, односно за нивната венчавка, со цел да се наруши нејзината репутација.

The post (Фото) Хари за интимните сцени на Меган во Suits: Ми требаше терапија, не требаше да ги гледам appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK