Косовскиот премиер, Албин Курти вели дека нападот во неделата на северот на Косово не е граѓански отпор или дело на банди, туку напад на вооружени паравоени формации опремени и подготвени од Белград.
Во интервју за Ал Џезира, Курти наведува дека очигледно нападот бил извршен по наредба на Србија.
Курти за Ал Џезира: Вучиќ и Радојичиќ се исти како Милошевиќ и Аркан во 90-тите
На прашањето дали косовските власти имаат разузнавачки информации за нови напади, Курти одговори дека има многу информации и дека тие „вооружени групи“, на кои, како што рече, српските вооружени сили им обезбедуваат опрема, оружје и муниција, постојано се вежбаат во близина на границите на Косово и „се подготвуваат за војна“.
– Не е исклучена повторна агресија“, рече Курти, додавајќи дека Србија сакала војната да започне во неделата, на 24 септември.
Тој го обвини Белград и вооружените групи дека сакаат да го повторат сценариото она започнувањето на војната во Сараево.
Според Курти, претседателот на Србија, Александар Вучиќ и потпретседателот на Српската листа, Милан Радоичиќ, кои, како што рече, ја презедоа одговорноста за нападот на северот на Косово, се „Слободан Милошевиќ и Жељко Ражнатовиќ Аркан“, кои сакаат да го врати регионот во 90-тите.
Тој вели дека „паравоените групи“ во Косово се поврзани и со групи од Русија, како што е Вагнер, при што Вучиќ и Радоичиќ ги нарече „Путин и Пригозин“.
Косовскиот премиер го обвини Вучиќ дека „сака нова војна и геноцид, бидејќи сака Република Српска на Косово“.
– Како што Русија на почетокот водеше хибридна војна во Украина, Србија тоа го прави против нас, изјави Курти за Ал Џезаира.
Следете не, не има насекаде