октомври 26, 2024

Актерката и модел Памела Андерсон во последните недели се појавува во јавноста без шминка и доби многу пофалби за тоа.

Ѕвездата на легендарната серија „Бејвоч“ ја откри причината зошто почнала да ја прифаќа својата природна убавина.

Таа за магазинот Elle изјави дека нејзиниот поглед на убавината се променил по смртта на нејзината шминкерка Алексис Вогел, кој почина од рак на дојка во 2019 година.

„Алексис беше најдобра. И оттогаш само чувствував дека без Алексис е подобро да не се шминкам“, објаснила Памела Андерсон.

Рекла дека без шминка се чувствува слободна, забавна и малку бунтовничка.

Памела размислувала за стареењето и како тоа за неа било патување.

„Мислам дека сите почнуваме да изгледаме малку смешно како што старееме. И некако се смеам на себе кога ќе се погледнам во огледало. Јас сум како: „Леле, ова е реално… што се случува со мене? -Тоа е патување“, вели таа.

И покрај тоа, таа тврди дека се чувствува добро.

Нејзината одлука да се откаже од козметиката, исто така, произлезе од чувството дека таа често само се согласува со она што луѓето и рекоа да го прави во раните денови од нејзината кариера.

„90-тите беа 90-ти, а сега е 2023 година. Сакам да правам работи што се различни, чувствувам дека ова е ново поглавје во мојот живот“, изјавила таа за Entertainment Tonight.

The post Памела Андерсон престана да користи шминка, откако почина нејзината шминкерка appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK