октомври 26, 2024

БРУКА! Христијан Мицкоски во денешното гостување во Сител телевизија го нарече Илинденското востание “преображенско”.

“… Бидејќи не сакам да потпишам договор во која Македонската православна црква-Охридска Архиепископија е мајка на сите помесни цркви, или не сакам да потпишам дека Гоце Делчев бил Бугарин, или дека Илинденското Преображенско востание е бугарско”… вели Мицкоски.

ПОБОГУ ШТО Е ОВА? Мицкоски го нарече Илинденското востание “преображенско”

Бугарија го нарекува Илинденското востание “преображенско” обидувајќи се да го претстават востанието како востание на бугарскиот народ.

Бугарската наука смета дека Илинденско востание било кренато поради инсистирањето на Иван Гарванов, непобитен Бугарин, кој како раководител на ВМОРО, во мај 1903 завршил во затвор поради Солунските атентати. Таа, врз основата на спомените на учесниците во востанието, прифаќа дека ВМОРО организирала едно општо востание во летото на 1903 година во Македонија и Одринско.

Востанието се одржало од неколку локални револти во одделни револуционерни окрузи на ВМОРО, каде што тие почнале со неколку недели разлика. Серијата бунтови започнала со Илинденскиот револт во Битолскиот револуционерен округ, продолжила со Преображенскиот револт во Одринскиот округ, а завршила со Петровденскиот револт во Серскиот револуционерен округ во есента истата година.

Бугарската наука го нарекува востанието Илинденско-Преображенско по името на двата најголеми револта.

Ова е краток извадок од Википедија на бугарски јазик, каде јасно се гледа дека Бугарија го бугаризира Илинденското востание.

Во период кога притисоците од Бугарија се на највисоко ниво досега, во период кога Мицкоски глуми голем патриот со калкулирање околу гласање на уставните измени, Мицкоски им го даде на Бугарите најголемиот македонски адут, Илинденското востание…

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK