октомври 26, 2024

Актерката Анџелина Џоли реши да основа свој бренд „Atelier Jolie“ во кој не само таа,туку и другите занаетчии ќе имаат можност да ги изложат своите креации.
Анџелина оваа есен и официјално зачекори во модните води.Фустанот во кој Ени Либовиќ ја фотографираше за ноемвриското издание на магазинот го потпишува Atelier Jolie.

 

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vogue (@voguemagazine)

Новиот потфат се вклопува со нејзиниот етички кодекс,социо-политичките погледи и глобалната грижа за екологијата.Нејзината намера беше да формира еден вид културен центар:работилница со услуги за кроење и рециклирање,галерии каде локалните занаетчии ќе ги изложуваат своите дела во соработка со бегалските организации.

– Не сакам да бидам голем моден дизајнер,туку да градам простор за другите,за да станат такви.Низ годините запознав многу занаетчии,многу способни,талентирани луѓе и би сакала да ги видам како се развиваат.

За лансирната рампа,таа избра иконично место на Менхетен,зградата во која некогаш живееле и создавале познатите уметници Енди Ворхол и Жан-Мишел Баскија.Таа се надева дека нејзиниот бренд ќе ги инспирира жените да се чувствуваат доволно силни за да ја покажат својата чувствителна страна.

Анџелина,голем поддржувач на одржливата мода,пред година и пол почна да ја реализира идејата за сопствен бренд.Еден од првите модели е овој фустан од „deadstock“ материјал,оној од отпад.

Во модниот проект ги вклучи и најстарите деца.Деветнаесетгодишната Пакс го дизајнираше логото,една година помладата Захара бараше идеална локација заедно со нејзината мајка.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK