октомври 25, 2024

Натпреварот во излежување во селото Брезна во Црна Гора заврши откако педесеттиот ден двајца натпреварувачи одлучија дека е готово.

Во финалето се пласираа Филип од Мојковац и Лидија од Никшиќ, а како што беше речено на свеченото прогласување на победникот, Филип решил победата и медиумското внимание да и ги остави на Лидија.
Лидија освоила 1.000 евра, а исто толку во еден момент и понудиле од семејството само за да стане и да го прекине натпреварувањето.

Лидија Марковиќ има 23 години, од Никшиќ и е козметичар. Претходно за време на натпреварот таа за ТВ Прва изјави дека на натпреварувачите им е дозволено се, освен дека мора да легнат.

Во осум часот стануваме, имаме пауза од 15 минути. Првата пауза ја користам во 10 часот за туширање, втората пауза во 18 часот за миење на косата, а потоа се враќам во кревет да ја исушам косата. Се снаоѓам лежејќи. Паузата после полноќ ја користам за тренинг. Тогаш ја користам можноста да трчам што повеќе – раскажала Лидија како изгледа нејзиниот ден.

The post Блазе си му на тој маж што ќе ја земе оваа: По 50 дена лежење, Лидија победи на натпреварот во Црна Гора appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK