октомври 25, 2024

Николета Франовиќ од Котор е првата жена што го поминала Јадранското Море со свој електричен брод. Со едно полнење на батеријата, за дваесетина часа, поминала 120 милји од италијанскиот до црногорскиот брег.

Првото преминување на Јадранското Море со мал чамец од типот пасара, исклучиво на струја, е пионерски потфат на семејната компанија Франовиќ од Котор, која се занимава со бродоградба, пренесува РТЦГ.

Николета Франовиќ, која стои зад овој потфат, е и првата жена што го премина Јадранското Море во овој мал брод за спорт и рекреација на релација Монополи, Италија – залив Луштица.

Таа беше задолжена за склопување на батеријата и комплетната електрична инсталација.

„Имаше стрес, но знаев дека ќе стигнеме до таму кога ќе почнавме“, рекла Николета.

Следната цел и е да го сруши светскиот рекорд за должина на патување на електрична енергија, со едно полнење.

The post Николета Франовиќ е првата жена што го премина Јадранот со електричен брод appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK